Локални избори

Арсовска и Муцунски претставија проект за ИТ-центар во Општина Аеродром

На денешната заедничка прес конференција на кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска заедно со новоизбраниот градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски го претставија проектот за создавање на Центар за софтверски инженеринг и хаб за иновативни ИТ компании во Аеродром. Арсовска рече дека создавањето на овој центар е приоритетно и затоа средствата што досегашниот градоначалник ги планирал за создавање нови луксузни канцеларии за себе, ќе бидат наменети за реновирање на простории и создавање услови за развој на младите луѓе.

„Од оваа локација ја претставуваме нашата визија за модерно Скопје. Ова е една заедничка заложба на оваа површина да биде идниот центар што ќе има за цел да работи на градење на ИТ потенцијалите, особено на територијата на Општина Аеродром, меѓутоа и центар којшто ќе биде посветен на најбрзо растечката индустрија во градот Скопје, кој ќе овозможи за младите скопјани да имаат дом каде ќе можат да работат на своите проекти. Ова ќе биде значајно за градот Скопје и верувам дека со оние средства кои од градоначалникот во заминување беа планирани за купување на луксузни канцеларии за него, сега во овој случај дел од тие средства ќе бидат наменети за овој ИТ хаб во којшто ќе имаат можности сите млади луѓе да ги реализираат своите потенцијали во делот на софтверски инженеринг, да работат на својата надградба и наобразба. Сето она што сакаат да го направат и кои функционираат во најбрзо растечката индустрија во светот, ќе можат да го реализираат со поддршка на град Скопје. Моја искрена желба е како градоначалник на Скопје, заедно со Муцунски како градоначалник на Аеродром, да овозможиме идеите и визиите кои ги имаат младите луѓе да се реализираат. Ќе бидеме тука за нив и да им ги овозможиме најдобрите услови за тоа", изјави Арсовска.

„За сите оние на кои им е потребна институционална и финансиска поддршка за да ги развиваат своите идеи, Аеродром ќе стане центар за иновации и за претприемништво на територијата на Скопје. Ние сме навистина горди што е препознаена специфичноста на нашата општина од гледна точка на демографија и да им ветиме на граѓаните дека откако формално правно ќе ги преземеме обврски, нашиот тим составен од квалитетни луѓе посвето ќе работи на тоа. Влегуваме со многу позитивна енергија и ветуваме дека уште веднаш ќе се почувствуваат промените кои ги најавивме во текот на кампањата и ќе бидеме какви што бевме во кампањата - фокусирани на проектите и на развојот", истакна Муцунски.

Со овој проект, како што беше речено, ќе се реновира објектот што е во владение на општината и во него ќе биде сместен ИТ центарот за развој на младите луѓе во сферата на информациските технологии, со што Аеродром ќе стане центар за иновации и за претприемништво во Скопје.

 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе