Локални избори

Арсовска ги демантира тврдењата на СДСМ: Немам бугарско државјанство

Данела Арсовска денеска изјави дека во целост ги негира тврдењата од СДСМ за поседување на бугарско државјанство. Арсовска рече дека таквите обвинувања се само уште еден чекор на покажување и демонстрирање нечија слабост и нагласи дека е свесна оти за работите кои што беа изнесени од страна на СДСМ, нема да може во толку краток рок низ постапка да ги докаже дека се невистинити и нагласи дека станува збор за безумно лажење. „Немаше да се кандидирам доколу имав црни дамки“, рече Арсовска.

Реакцијата Арсовска ја даде како одговор на новинарското прашање - дали е и бугарска државјанка.

„Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и во цела Македонија знаат и веруваат дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегуваат со наводи кои што јас не можам низ постапка да ги докажам. Зошто тоа го прават?Затоа што јас не бев ниту човекот ниту жената која што ги тераше да дадат изјава дека доколку го изгубат Скопје ќе ги изгубат и своите политички кариери и функции“, рече Арсовска.

Според неа ваквите обвинувања се само уште еден чекор на покажување и демонстрирање нечија слабост, затоа што таа е свесна, а според неа свесни се сите дека „за работите кои што беа изнесени од страна на СДСМ во изминатите неколку денови, нема да може во толку краток рок да докаже и да покаже дека безумно лажат“.

Арсовска вели дека никогаш не го носела името Даниела и дека е родена Данела Јовановска, по името на нејзиниот дедо Дане, Македонец, а презимето Арсовска го носи повеќе од 20 години.

„Родена сум скопјанка, живеам целиот свој живот во Скопје, имам тука семејство, кое што безумно го напаѓаат почнувајќи од моите родители, од мојот син, мојот сопруг... Ова е безумие што се случува и напад на лична основа и тоа од луѓето кои што пет години ме викале да им давам економски совети и совети за економски мерки, луѓе кои седеле со мене на маса, а сега покажуваат на мене како на антидржавен елемент. Луѓето во Скопје и во Македонија знаат дека сето тоа не е вистина. Треба да се срамат од тоа што го прават. Јас веќе пуштив една тужба, меѓутоа овојпат тужбата нема да оди без надомест. Средствата што  ќе ги земам ќе ги донирам, но не за политичка партија како што лажат. Никогаш во животот не сум била член на политичка партија, ниту сум донирала на политичка партија, ниту пак сум направила нешто погрешно",  одговори Арсовска.

Таа нагласи дека би било бесмислено да се кандидира имала црни дамки на себе и да се изложува на напади од „вакви безобразни луѓе и луѓе кои што лажат континуирано и истата мисла не можат да си ја задржат ниту два дена откако ќе ја кажат“.

„Јас сум Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и јас своето име ниту името на моите членови не го продадов", нагласи на крајот од одговорото на новинарското прашање Арсовска.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе