Локални избори

Арсовска: Административните услуги ќе бидат електронски, без обврска за лично одење

„Граѓаните во секое време ќе можат да проверат што се случува со нивното барање, а одговор ќе добиваат во рок од 24-72 часа. Административните услуги ќе бидат достапни електронски со едноставни постапки, без обврска за одење во општината. Чекањето во редици и трчањето од шалтер до шалтер ќе биде минато благодарение на дигитализацијата и новата едношалтерска услуга“, вети на денешната прес-конференција кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска.

Таа додаде дека во исто време за граѓаните кои не користат дигитални решенија ќе биде на располагање канцеларија отворена 24 часа во служба на граѓаните.

„Апликацијата ќе обезбеди и опции за пријавување дефекти во јавната инфраструктура, пријавување диви депонии или повикување општински служби и ќе биде поврзана со системот за дигитален мониторинг во сообраќајот овозможувајќи брзо детектирање на достапните места за паркирање", рече Арсовска на прес конференцијата пред градската библиотека „Браќа Миладиновци".

Со реализација на дел од проектите од програмата за модерно Скопје и со новата апликација на Град Скопје, таа кажа дека градот ќе се трансформира во Град на дигитални можности, со целосна дигитализација на администрацијата за јавните услуги да бидат побрзи, поефикасни и потранспарентни.

Арсовска најави реновирање, модернизација и реконструкција на Градската библиотека, со подобрен пристап до интернет, поголема база на стручни списанија и подобрување на инвертарот. Уште кажа дека во исто време е предвидена и нова библиотека во Аеродром, опремена со најмодерна техничко-технолошка опрема, како и нови современи читални во повеќе скопски општини.

За новиот ИТ-центар во Аеродром, Арсовска кажа дека ќе им овозможи на повеќе од илјада млади граѓани годишно да добијат пристап до стручни обуки во ИКТ секторот, а во рамките на надлежностите, Градот Скопје ќе ги поддржи малите и средните претпријатија во креирање дигитални решенија како што се е-трговија, развој на услуги за испорака базирани на апликации и други дигитални иновации.

„Како иден градоначалник на Скопје мојата цел е граѓаните да живеат во модерна, европска метропола, што ќе значи повисок квалитет на живот, модерна инфраструктура, одржливи решенија за сообраќајните проблеми и заштита на животната средина", нагласи Данела Арсовска.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе