Армиските специјалци по 25 години добија нова алпинистичка опрема

Специјалните армиски сили по цели 25 години добија целосно нова и совремана алпинистичка опрема, која што ќе значи голема промена и во поглед на вежбањето,како и во однос на користењето на Армијата во услови на критични ситуации, каде што е потребна и алпинистичка опрема, но и алпинистички тимови за заштита и спасување на граѓани или припадници на Армијата на непристапен терен.

Опремата е набавена од буџетот на одбраната и е во износ од 15 милиони денари, а алпинистичката опрема се состои од таканаречено витло за спасување, алпинистички јажиња за извлекување и за заштита при искачување, алпинистички појаси, алпинистички цокули и патики, шлемови, ламби за на шлемови, пластични и метални носилки за транспорт, бургии за бушење, канџи за вкопување во карпа и други потребни делови.

На промоцијата на опремата што се одржа на полигонот за воена алпинистика во близина на Демир Капија присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а беше изведена и воена вежба за спасување на планински и карпест врв. На вежбата беше прикажана новата опрема, а беше вклучен и воен хеликоптер за воздушна евакуација и транспорт.

„Со ова речиси целосно го заокружуваме процесот на основно опремување на Армијата. Чекор по чекор покажавме дека кога тоа е приоритет, македонската Армија може да биде и вистинска НАТО Армија. Ги обезбедивме целосно сите припадници на Армијата и со основна униформа и чизми, меѓутоа и во исто време обезбедуваме и спортска опрема за сите припадници, гортекс одела, основно вооружување, АБХ опрема, а од денес и оваа алпинистичка опрема.  

Денеска овде припадници на Армијата освојуваа врвови. Како држава, како Министерство за одбрана, покажавме дека никој врв не е недостапен, ако знаете која ви е целта, ако ги искористите ресурсите за вистинските приоритети и ако го сработите својот дел од задачата. Покажавме дека со вистинска опрема, со вистински одлуки од страна на Генералштабот, и вистинска владина политика, навистина можеме да сработиме многу“, порача Шекеринска.

На промоцијата на алпинистичката опрема присуствуваше и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе