Пендаровски брифиран за подготвеноста на Армијата

Армијата успешно го положи тестот од првата годишнина како членка на НАТО

Состојбата со борбената подготвеност на Армијата беше презентирана денеска во Домот на Армијата пред претседателот на државата Стево Пендаровски, како редовна обврска на началникот на Генералштабот кон врховниот командант.

На брифингот, од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на Генералштабот, генерал-мајор, Зоран Милески, пред претседателот Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и претставници од кабинетите на претседателот и Министерството за одбрана, беше претставена состојбата и реализацијата на планираните активности во функционалните области, кои се дел од борбената готовност.

„Пред воениот врв се презентираа реализираните задачи и достигнувања на Армијата во 2021 година, како и клучните задачи за следната 2022 година, при што се опфатија областите: персонален менаџмент и морал, операции во земјата и странство, обука и вежби, логистичка поддршка, воено планирање и структура на сили, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка. Генералот Ѓурчиновски во своето излагање ја истакна подготвеноста на командите и единиците на Армијата за реализација на сите активности од планираната динамика во процесот на достигнување на целите на способност на НАТО“, соопштија од Генералштабот на Армијата.

На брифингот било истакнато залагањето и професионалното извршување на задачите на припадниците на Армијата, со кое биле реализирани сите планирани активности и задачи, како и подготвеноста за асистенција на државните институции и помош на граѓаните.

Во освртот на годината што измина министерката Радмила Шекеринска нагласила дека во 2021 година беше одбележана првата годишнина од членството во НАТО и дека Македонија успешно го положи тестот од првата годишнина како членка на Алијансата.

„Вредно работевме и на воената интеграција и ја завршивме во рекордно време за само 19 месеци, со што станавме препознатливи како држава во НАТО која најбрзо ја заврши воената интеграција. Брзото завршување на воената интеграција е континуитет на успешната политика во Министерството за одбрана која почна со зголемувањето на буџетот, набавките на нова опрема, членството во НАТО и севкупното зајакнување на капацитетите на Армијата“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека оваа година нашето небо стана дел од системот за воздушно патролирање на Алијансата.

„Тоа значи дополнително јакнење на нашиот државен суверенитет и територијален интегритет. И тоа треба сите овде присутни да не исполни со чувство на задоволство затоа што одбраната и безбедноста на државата ја дигнавме на уште едно, повисоко ниво“, изјавила Шекеринска.

Таа нагласила и дека се веќе избрани и првите пет офицери кои ќе не претставуваат во НАТО командната структура во Измир, Монс и Брисел и е започната селекција на дополнителни седум.

„Ја зајакнавме со персонал и Постојаната делегација на Северна Македонија во НАТО како и Канцеларијата за врски во SHAPE. Разбирајќи ја опасноста од современите безбедносни предизвици, потпишавме Меморандум за соработка со НАТО во доменот на сајбер безбедноста, а соработка во оваа област остваруваме и со нашиот стратегиски партнер САД“, вели Шекеринска и додава дека по четири и пол години интензивна активност целосно е променета сликата за Армијата, почнувајќи од повисоки плати до опремата, и се создадени услови и натаму да се развива согласно НАТО стандардите и во соработка со сојузниците од Алијансата.

Во заклучното излагање, претседателот и врховен командант Стево Пендаровски пред учесниците на брифингот го изразил своето задоволство од професионалноста, посветеноста и покажаната пожртвуваност на припадниците на Армијата во справувањето со пандемијата и пожарите низ земјата.

Пендаровски порачал дека инвестирањето во модернизирањето и опремувањето на Армијата мора да продолжи, бидејќи со јакнење на нашите одбранбени капацитети и потенцијали не добива само Армијата, туку повратно влијае и врз економскиот раст и повисокиот животен стандард на граѓаните.

„Независно што здравствената и енергетската криза притискаат за поинаков распоред на буџетските приоритети, државата е неопходно да остане посветена на вложувањата во одбраната и безбедноста, затоа што тие се основата за функционирање и на други општествени сектори“, рекол Пендаровски.

Тој пред присутните ја истакнал потпишаната заедничка декларација со НАТО минатиот месец, а со која и формално се заокружи процесот на нашето интегрирање во Алијансата и притоа оценил дека членството во НАТО ни помага подобро да се носиме и со старите, но и со новите безбедносни закани.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе