Во поддршка на полицијата

Армијата се вклучува во надзор на границите, во контрола на патните правци и во обезбедувањето витални објекти

Армијата за време на вонредната состојба во која се наоѓа државата ќе треба со своите единици да ги поддржи полициските сили и општините, одлучи Владата на соноќешната седница.

На АРМ ѝ се налага да се вклучи во обезбедување и надзор на граничната линија на државната граница со цел спречување на влез и излез на сите лица кои имаат намера да извршат нелегален премин, да врши контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување мобилни пунктови и контролни точки во реоните за ангажирање, како и да врши физичко обезбедување на витални објекти кои се обезбедувани од Министерството за внатрешни работи.

Согласно владината Уредба, Армијата треба да ангажира сили и за поддршка на единиците на локалната самоуправа, органите на државната управа или на други државни институции со цел спречување на ширење на епидемијата и отстранување на последиците настанати од епидемијата за укажување помош заради спасување на луѓето и материјалните добра.

„Владата донесе Уредба со законска сила со која се утврдуваат задачите на Армијата на Република Северна Македонија за време на траењето на вонредната состојба. Целта е поддршка на полициските сили на Министерството за внатрешни работи и поддршка на единиците на локалната самоуправа, органите на државната управа или на други државни институции за време на траењето на вонредната состојба, заради спречување на внесување, ширење и справување со коронавирус“, информира владината прес-служба.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе