Kризната состојба заврши на полноќ, нова одлука нема

Армијата се повлекува од државната граница

Кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, па престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, информираат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот Пендаровски му наредил на Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да постапи согласно со новонастанатата ситуација.

Армијата ќе остане ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од ковид-19.

„Доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза на јужната и северната државна граница, врховниот командант на вооружените сили повторно ќе ѝ нареди на Армијата да ги извршува досегашните задачи“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе