АРМ стана АРСМ, претседателот Пендаровски ја потпишал уредбата

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија. Тоа, како што кажа, значи дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.

„Името на Армијата е Армија на Република Северна Македонија и тоа од вчера има правна основа, односно е на правен начин уредено од моја страна“, рече Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски на припадниците на Армијата на нашата јужна граница.

Според најавите, тој е во обиколка на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, каде што одговорните ќе го запознаат со моменталната состојба во овој центар и со ангажманот на меѓународната мисија „Фронтекс“.

Во сместувачкиот капацитет на припадниците на Армијата, во здружениот оперативен центар, на врховниот командант ќе му биде презентирана моменталната безбедносна состојба на јужната граница, тактичките мерки и процедури кои ги спроведуваат армиските единици согласно доделените задачи во спречување на нелегални минувања на јужната граница, а посетата ќе заврши со заеднички ручек со припадниците на Армијата.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе