ГЕВГЕЛИЈА

АРМ почна да поставува ограда лево и десно од каменот 59 на македонско-грчката граница

Македонската армија од утрово почна да поставува жичена ограда на македонско-грчката ганица, лево и десно од Кота 59 кај Гевгелија, изјави за МКД.мк портпаролот на АРМ потполковник Тони Јаневски.

Оваа информаација ја потврдија и од управниот комитет на координативното тело за справување со проблемот на бегалците.

Ова владино тело утрово заклучи декаа треба да се презематмерки за спречување на илегален влез на економските мигранти и нивно канализирање и насочување кон прифатниот центар.

„АРМ е задолжена да постави ограда, столбови и жица, како дел од тактичко-техничките активности за поставување на соодветни препреки и насочување на мигрантите кон прифатниот пункт за нивно полесно евидентирање, а воедно грижејќи се и за безбедноста на граѓаните на Македонија. АРМ продолжува со асистенцијата на граничната полиција“, вели Јаневски.

Жичаната ограда се поставува лево и десно од граничниот камен 59 колку што е проценката на владиното тело.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе