Aријанит Хоџа за Артан Груби: Политички дилетант обучуван од тајните служби

Артан Груби е политички дилетант, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда, напиша Аријанит Хоџа на својот фејсбук-профил.

„Да седнеш на маса со Србија, која е главен сојузник на Русија, и да направиш регионална иницијатива како Отворен Балкан, каде што се заобиколува и ослабува меѓународната позиција на Косово, а во исто време да ги имаш на располагање бланко гласовите на албанската опозиција за евроинтеграциите (антируски) и да ја наречеш албанската опозиција деструктивен проруски фактор, тоа може да го направи само политички дилетант како Артан Груби, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда“, напиша Хоџа.

Артан Груби неодамна ја обвини македонската и албанската опозиција дека се усогласени и дека никој од нив нема свој индивидуален идентитет. „Изненадувачки, но гледаме усогласена опозиција. ВМРО го напушта Парламентот, Левица си оди, Алијанса си оди, Беса си оди. ВМРО бојкотира, Левица бојкотира, Алијанса бојкотира, Беса бојкотира. Ниту една од нив со сопствен индивидуален и конструктивен идентитет. Граѓанинот не гласал за пратеникот да ја блокира работата на Собранието. Сега се блокира Европска банка за развој за македонски електрани, 100 милиони евра во оваа енергетска криза“, рече Груби во интервју за Клик плус на ТВ21.

Груби смета дека парламентарната опозиција се инспирира од Русија.

„Со ЕУ ни оди многу добро, а со Русија не. Дали Русија се меша? За мешање, има многу сериозни индикации за мешање, дури и за директно мешање, особено со директно посредување преку инспирирање на опозицијата. Која опозиција? Парламентарна опозиција“, рече Груби.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе