Aрбер Адеми од ДУИ: Ако Албанците бидат под 20%, нема да ги прифатам резултатите

Донесувањето на Законот за попис останува под знак прашалник, бидејќи сѐ уште не е изгласан во Собранието. Аргументи за ова прашање во синоќешниот дебатен магазин „Клик плус“ на ТВ 21, изнесоа пратениците Халил Снопче и Арбер Адеми. Пратеникот на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, рече дека пописот наидува на разни мистерии, но додава дека треба да биде празничен ден за граѓаните.

„Пописот треба да биде празничен ден каде граѓанинот ќе даде информации за себе, за својот имот. Граѓанинот ќе даде информација бидејќи е фактор, субјект во оваа држава“, рече Снопче.

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбер Адеми, рече дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите. Тој меѓу друго говореше и околу новините во Законот за попис.

Адеми, како поранешен министер за образование изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18. „Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121.272 Македонци, односно 64,22%, а 60,709 Албанци, односно 32,15%“, рече Адеми.

И според Снопче, Албанците во Македонија се над 29%. Вели дека немаат доверба во Државниот завод за статистика за спроведување на пописот.

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе