ТЕТОВО

Арабати Баба теќе пропаѓа, бекташите ги бараат своите права (ФОТО)

Иако за Министерството за култура овој објект е културно наследство и е под заштита на државата, теќето во Тетово, кое е од големо историско значење и датира од 1510 година, пропаѓа.

 

Единствените што се обидуваат да го заштитат објектот и да интервенираат се клериците и верниците што живеат во самото теќе. Државата многу малку, речиси и не вложува во ова културно наследство што e меѓу ретките во државата од овој тип, велат верниците.

Теќето Арабати Баба има големо значење за Бекташиската верска заедница во целиот Балкан и за културниот диверзитет во Македонија. Но со текот на времето теќето го загуби овој примат.

Од 1946 година теќето беше претворено во споменик на културата и тука имаше и угостителски објект. Со независноста на Македонија, во првата половина на 90-те години од минатиот век теќето беше вратено на Бекташиската верска заедница.

Од 2002 година во објектот се влезени некои лица кои дел од теќето го претвориле во обична џамија на муслиманите. Хисен Сулејмани, дервиш во теќето Арабати Баба, вели дека од 2009 година Бекташиската верска заедница е избришана од регистарот на верските заедници.

„Сите законски услови се исполнети за повторна регистрација, ама од непознати причини барањето беше одбиено и до денес немаме регистрација. Денеска предметот за пререгистрирање на Бекташиската верска заедница и враќање на имотот е пред Судот за човековите права во Хаг. Ова право бекташите го чекаат повеќе од 20 години“, вели Сулејмани и додава дека голем дел од објектот е уништен, покривот прокиснува, темелите и конструкциите на објектите попуштаат...

Министерството за култура на Република Македонија, кое задолжително треба да го заштити и одржува културното наследство, досега нема чепнато ништо за заштита на овој историски споменик, велат бекташите.

Во извештајот на Стејт департментот од 2013 година пишува дека Бекташиската верска заедница не е регистрирана и е дискриминирана.

Барањата на Бекташиската верска заедница се прво регистрацијата како легална верска заедница, враќање на имотот за кои, велат, имаат и тапии, отстранување на противзаконските радикалисти, узурпатори на теќето и помош за реконструкција на теќето.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе