Министерот за одбрана

Апостолакис: Грција ќе стане главен стратешки одбранбен партнер на Северна Македонија

Се стремиме кон продлабочување на нашата соработка со Северна Македонија, затоа што е од наш стратешки интерес, рече министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис за време на неговиот говор на четвртиот економски форум во Делфи, Грција.

„Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за зацврстување и зајакнување на чувството за стабилност и во зајакнување на соработката и на мирниот соживот во регионот. Се стремиме кон продлабочување на нашата соработка со Северна Македонија, затоа што е од наш стратешки интерес. Имаме важна улога да одиграме, бидејќи ќе биде побарано од оваа земја систематски да ги трансформира вооружените сили за да одговори на потребните стандарди и барањата на Алијансата, што се однесуваат на интероперабилноста и стандардизацијата”, ја пренесува МИА изјавата на грчкиот министер за одбрана.

Апостолакис говорел и за неодамнешната средба во Брисел министерката Радмила Шекеринска и можностите за билатерална одбранбена соработка, но и за секаква можна поддршка за непречена интеграција на нашата земја во НАТО.

„Нашиот стремеж е нашата земја да стане главен стратешки одбранбен партнер на Северна Македонија. И ќе го сториме тоа”, рекол Апостолакис.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе