За „Титаник 2“

Апелацискиот суд одлучи „бомбите“ да бидат доказ против Тачи, Мијалков, членовите на ДИК и управните судии

Апелацискиот суд Скопје одлучи двете бомби, од кои една јавно објавена, да бидат доказ во предметот „Титаник 2“ во кој обвинети се Мендух Тачи и Сашо Мијалков, поранечните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, за актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петте управни судии: Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Газмент Фејзули и Анета Џигерова.

Апелациските судии по вчерашната седница на која специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски беа сами, без присуство на одбраната, донесоа одлука да ги прифатат прислушуваните разговори како доказ во оваа постапка.

На прес-конференцијата на која Специјалното јавно обвинителство ја објави информацијата за отворената истражна постапка, обвинителката Фетаи рече дека предметот за „Титаник 2“  е втор по важност предмет после прислушкувањето каде е нападнат целокупниот уставен и правен поредок и особено најважните човекови права.

Станува збор за две снимки од разговори, од кои во едниот, кој се водел меѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, и Мендух Тачи, се слуша како тие се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.

Одбраната на обвинетите и обвинетите Мијалков, Тачи, како и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, сегашниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петтемина судии од Управниот суд, не дојдоа на вчерашната јавна седница.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе