Тирана

Апел од Рама: Браќа Македонци и Албанци прифатете го францускиот предлог!

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер реагираше во врска со предлогот на француското претседателство за прашањето Бугарија-Северна Македонија.

Рама пишува дека ѝ се дава можност на Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија.

„Последниот француски предлог, кој е и конечен, ѝ дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете“, напиша Рама. 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе