Предвремени парламентарни избори

Aпел на Македонскиот полициски синдикат: Не се ставајте во служба на партиите

Доследно треба да ги извршуваме нашите работи и работни задачи согласно законската регулатива со која се уредува спроведувањето на изборниот процес. Да не се ставаме во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушуваме угледот на институцијата во која работиме и да се воздржиме од какви било провокации на активисти на политичките партии, се вели во апелот на Македонскиот полициски синдикат во кој членуваат вработени во Министерството за внатрешни работи, во Агенцијата за разузнување, Агенцијата за национална безбедност и во Управата за финансиска полиција.

„Само со професионален пристап и професионално работење за време на парламентарните избори 2020 година ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните која тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за вработените во Агенцијата за разузнување, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција. Само така граѓаните ќе прифатат дека нашите активности на теренот се во нивни интерес, во интерес на безбедноста и стабилноста на нашата земја.

Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите.

Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби со „нарачани мизерни соопштенија презентирани од презентери со растреперн глас и растреперни раце“ бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе не може да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби.
На крајот ги охрабруваме сите наши членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на какви било притисоци од кого било во делот на нивната приватна политичка определба.

Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање“, се вели во соооштението на МПС.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе