Собрание

Апасиев за Реџепи: Со репетиран калаш на слепоочница се пишуваат најубавите евроатлантски статуси

По објавеното видео на пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, реагираше пратеникот на Левица  Димитар Апасиев со статус на Фејсбук велејќи дека неговиот колега ја кажал изјавата под принуда.

Реџепи денеска не се појави на собраниската седница за гласање доверба на Владата и преку снимка порача дека никој не треба да се грижи за него.

„Со репетиран калаш на слепоочница се пишуваат најубавите евро-атлантски пратенички статуси“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Лидерот на Беса Биљал Касами го пријави Реџепи во полиција за исчезнат и рече дека додека не го види ќе смета дека е киднапиран.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе