Лидерот на Левица на средба со амбасадорот на Русија

Апасиев: Со амбасадорот Баздникин разговаравме за антируските изјави на Османи

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев денеска во Собранието на Македонија имаше средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин на која, како што соопшти партијата, станало збор за „непромислените антируски изјави на министерот Османи како провокаторски“, но и за проблемот со вакцините што ги има земјава, иако „Спутник V им беше понудена на македонските здравствени власти уште во август 2020 година“.

„На оваа прва официјална средба беше разговарано за предизвиците со кои се соочува земјата во време на пандемијата со ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина Спутник V, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во месец август 2020 година“, се вели во соопштението на Левица.

На средбата било разговарано и за други теми, наведува Левица.

„Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи. Пратеникот Апасиев се огради од последниот контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсети дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани“, се нагласува во соопштението.

Меѓу другото, било разговарано и за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава руската амбасада на годишно ниво, а беа опфатени и теми од современата геополитика, се вели во соопштението на Левица.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе