Преку Фејсбук

Апасиев со нова порака за...врховизмот

Преку официјалната страница на политичарот - пратеник Димитар Апасиев на Фејсбук од синоќа е упатена нова порака.

На официјалната фејсбук страница на пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев доцна синоќа е поставена ударна фотографија, која испраќа соодветна порака со која тој веднаш предизвика голема посетеност и бројни коментари.

За пораката што сака да ја испрати, од партијата Левица упатуваат да се прочита во релевантен научен извор за тоа што е врховизмот.

Партијата Левица, преку своите двајца пратеници вчера во Собранието на Македонија поднесе Декларација за отфрлање на бугарскиот меморандум.

Објаснувајќи ја нејзината содржина, Апасиев на новинарите, меѓу другото, им рече дека со третата точка од Декларацијата се бара од Владата, од премиерот, неговите заменици и министерот за надворешни работи „да бидат поагилни, подржавнички, пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации кои доаѓаат од страна на (нео)врховистичките, михаиловистичките и великобугарските центри на нашиот источен сосед".

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе