„Изборниот модел е шизофрен“

Апасиев се жали: Левица е оштетена за 10 илјади гласови и тројца пратеници

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници во изборните единици 1, 2 и 4.

Апасиев најави приговор во законскиот рок од 48 часа, како и кривични пријави против членовите на ДИК зашто ова, според него, е, „невиден скандал во досегашната изборна историја“. Како што кажа на прес-конференцијата, засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.

„Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80.000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои ‘висат‘ во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници“, рече Апасиев.

Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на сајт чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, тоа може да го спроведат.

Апасиев исто така е незадоволен од изборниот модел кој, според него, ќе мора да претрпи измени зашто не може да опстои и  тоа ќе биде негов прв предлог како пратеник во Собранието за промена во една изборна единица.

„Ова е шизофрен изборен модел, кој ја фалсификува волјата на граѓаните, затоа што еден пратеник на СДС и ДПМНЕ чини седум илјади гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 илјади гласа или два и пол пати повеќе. Иронија е што Алијанса и Алтернатива, кои имаат двапати повеќе освоени гласови од нас, имаат шест пати повеќе мандати од нас“, рече Апасиев.

Но е презадоволен, рече, од изборните резултати со ваков изборен модел, нагласувајќи дека „Левица направи невиден скор во историјата на независна Македонија, која го нема направено ниту една политичка партија на овој изборен модел“.

„Презадоволни сме од граѓаните кои дадоа официјано 40 илјади плус 10 илјади украдени односно околу 50 илјади гласови, што е пет пати повеќе од изборите во 2016. Тоа покажува дека идеологијата на Левица фаќа корен во народот. Веруваме дека ќе има наредни предвремени парламентарни избори, бидејќи е ова Пирова победа. Кој и да состави влада нема да може да ја одржи до крај. На наредните избори Левица ќе влезе со двоцифрен број пратеници“, изјави Апасиев.

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе