Апасиев: Се води полициска хајка против Левица

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска на својот фејсбук профил објави дека Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски пробува да спроведе полициска хајка против Левица. Голем број на раководни членови на партијата биле повикани во полициски станици за наводни сторени кривични дела, вели Апасиев.

„Денес (недела), раководни членови на ЦК на Левица, модератори на локални ограноци и општински советници ширум Македонија, од страна на униформирани полицајци, од дома се повикувани во полициски станици за наводни сторени кривични дела, без да се наведе за кое дело ги викаат!?
А бе, озбилно мислите дека ќе не уплашите? Изгледа уште не знаете со кого си имате работа“, напиша Апасиев.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе