Левица поднесе Декларација за отфрлање на бугарскиот меморандум

Апасиев: Прекин на преговорите со Софија и подржавничка македонска политика

Декларацијата предвидува дека македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно суверено нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ кое не може и не смее да биде дел од никаква странска билатерална агенда или, пак, мултилатерална преговарачка рамка за членство во кој било меѓународен сојуз или организација. Левица бара Македонија да го  наметне прашањето за правата на Македонците во Бугарија и во Грција

 

Двајцата пратеници на Левица денеска до Собранието поднесоа Декларација за осуда на бугарските национал-шовинстички претензии. Пратеникот Димитар Апасиев објасни дека Декларацијата содржи 10 точки и дека се очекува таа да биде на дневен ред на седница на Собранието на почетокот на ноември. За оваа Декларација во следните денови ќе разговараат со пратеничките групи во Собранието..

Декларацијата предвидува „Собранието да го отфрли бугарскиот т.н. објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ и процесот на асоцијација и стабилизација упатен од страна на официјална Софија до земјите членки на ЕУ".

Исто така, Декларацијата предвидува дека македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно суверено нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ кое не може и не смее да биде дел од никаква странска билатерална агенда или, пак, мултилатерална преговарачка рамка за членство во кој било меѓународен сојуз или организација.

Со третата точка од Декларацијата се бара од Владата, од премиерот, неговите заменици и министерот за надворешни работи „да бидат поагилни, подржавнички, пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации кои доаѓаат од страна на (нео)врховистичките, михаиловистичките и великобугарските центри на нашиот источен сосед".

Од претседателот на државата во Декларацијата се бара да биде поактивен во одбрана на македонските национални интереси на меѓународно ниво, од македонската страна да биде отворено прашањето за правата и статусот за непризнаеното македонско национално малцинство во Бугарија, а се истакнува и, како што се наведува, „суштинската потреба од носење на стратегиска македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат државните црвени линии".

Со Декларацијата се бара итно запирање со работа на заедничкатаМеѓувладина експертска комисија формирана со Договорот за добрососедство, се повикуваат сите релевантни академски и научно-образовни институции, медиумите и невладините организации во борба против негирањето и злоупотребата и искривоколчувањето на минатото со цел, како што се наведува, ширење на непотребни тензии, непријателска пропаганда и ксенофобија од позиција на моќ.

Доколку биде донесена оваа декларација, како што наведе Апасиев, ќе се побара таа да биде доставена до ОН, Советот на Европа, ЕУ, ОБСЕ/ОДИХР, Европскиот парламент и до земјите членки на ЕУ.

Апасиев на новинарите им изјави дека заедничката Комисија, како што е наведено во декларацијата, треба да престане да постои, со тоа и да се престане со разговорите за многу прашања меѓу кои е и тоа за Гоце Делчев.

„Многу прашања покренати од Бугарија и од Грција се одраз на македонската погрешна надворешна политика во последните четири години. Македонија треба да почне да ги наметнува прашањата за правата на Македонците во овие две земји", рече Апасиев.

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе