Заврши првата „скафандер“ собраниска седница

Апасиев: Правите кривично дело со позитивните пратеници, ќе го одведете парламентот во карантин

Со присуство и гласање на двајца пратеници од владејачкото мнозинство облечени во скафандери, брзо заврши 32. собраниска седница. Пратеникот Димитар Апасиев го предупреди спикерот Џафери дека направил кривично дело во услови на епидемија, ставајќи го во опасност целиот парламент, кој можеби ќе треба да оди во карантин. Ги предупреди пратениците позитивни на коронавирусот дека ќе добијат кривична пријава. Џафери одговори дека нивното присуство е согласно со измените во деловникот.

Со помош на позитивните пратеници на ковид-19, кои дојдоа облечени во скафандери, и обезбеден кворум за 32. седница, експресно беа изгласани законите од точките од дневниот ред и другите заклучоци од закажаните точки.

Додека траеше гласањето, кое само беше најавувано од страна на спикерот Талат Џафери, кој ги читаше ги точките една по една и повикувајќи да се гласа, пратеникот Димитар Апасиев со кривичен законик во рацете, се обидуваше да добие процедурален збор, стоејќи пред Џафери, кој зачитан, не го забележа. Потоа, Апасиев ја отвори книгата на определена страница и со така свртена кон него се обидуваше да му даде до знаење дека го крши деловникот.

Кога Џафери заврши, Апасиев доби процедурален збор и рече дека требало веднаш да добие збор, бидејќи укажува на кршење на деловникот.

„Пратеник што е спречен да присуствува на седница е должен тоа да го пријави претходно. Денеска направивте кривично дело, бидејќи во време на епидемија позитивни или болни лица и лица што биле во контакт со позитивни на вирусот мораше да бидат во изолација, а не тука. Денес имаме двајца пратеници донесени спротивно на деловникот и законот и тоа претставува кривично дело. Ако Заев ги тера да прават кривични дела, јас ги советувам дека според кривичниот законик, тие ќе одговораат кривично, бидејќи согласно со кривичниот законик не потстапуваат според мерките во услови на епидемија. Го доведовте во ситуација и Собранието да плати парична казна за ова прекршување на мерките. На тој начин, претседателе, вие и двајцата пратеници го доведовте во ситуација целото Собрание да оди во карантин“, рече Апасиев.

Џафери одговори дека според друг член од Деловникот, претседателот на Собранието се грижи на пратениците да им овозможи услови за работа.

„Во ова Собрание, во подготовка на конститутивната седница, кога бев во болница, службите донесоа правилник за функционирање во услови на ковид. Имајќи ја предвид мојата претпоставка дека состојбите ќе се влошат, предложив измени во деловникот за да се регулира можноста да се обезбеди онлајн-присуство на позитивни и болни пратеници. Вие поднесовте три илјади амандмани за да го спречите тоа. Во ноември добив дополнение на протоколот според кој може присуство да се обезбеди во изолирани простории без да се има каков било контакт со други пратеници и лица во Собранието. Значи, имам добиено дополнение на протоколот и тоа треба да го прифатите. Инаку, редоследот на седниците не е во ваша, туку во моја надлежност и ќе работам така, а не со ваши ултиматуми и уцени. Тоа може на друго место да уценувате, кај мене не дозволувам“, одговори Џафери.

Потоа, Џафери рече дека дневниот ред е исцрпен и дека 32.седница е завршена и ја најави 36 седница, на која на дневен ред се точките од антикризните мерки.

ВМРО-ДПМНЕ влезе во салата.

П.Џ.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе