Собраниски процедури и тактики

Апасиев побара еден час пауза, седницата за доверба на Владата никако да започне

Барам Талат Џафери да се врати на седницата и да ја води, така е по собранискиот деловник, рече во процедурално барање пратеникот од Левица Димитар Апасиев и побара еден час пауза, што беше одобрено од потпретседателот на Собранието. Собраниската седница на која треба да се расправа по единствената точка од дневниот ред - Иницијатива за гласање доверба на Владата, никако да започне. Опозицијата, поради отсуството на пратеникот Кастриот Реџепи, засега го нема потребното мнозинство од 61 пратеник.

Откако помина едночасовната пауза која беше дадена по барање на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи опозицијата нема доволен број присутни пратеници за успех на иницијативата за гласање недоверба на Владата имајќи предвид дека пратениците кои ја поддржуваат Владата вооопшто не влегоа во салата за пленарни седници, процедурален збор побара пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев.

Во кусото обраќање тој побара Талат Џафери да се врати во салата и да ја води седницата. Апасиев се повика на собранискиот Деловник.

„Според членовите 60 и 61 од Деловникот, претседателот на Собранието  свикува и одржува седница, а потпретседателите на Собранието му помагаат. Во случај на спреченост или отсустност на претседателот на Собранието него го заменува еден од потпретседателите. Значи, Деловникот познава две ситуации - спреченост и отсутност. Видовме дека претседателот Џафери е присутен во зградата, значи не е отсутен или спречен, затоа барам еден час пауза тој да дојде и да ја води седницата“, рече Апасиев.

Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели, кој ја води седницата, рече дека согласно деловникот и искажаното барање од пратеникот дава еден час пауза.

Инаку, Талат Џафери денеска само ја отвори седницата по што кажа дека не е потписник на иницијативата за гласање доверба на Владата и дека не ја поддржува и дека како и останатите пратеници кои не ја поддржуваат иницијативата, нема да присуствува на седницата. Џафери повика еден од потпретседателите да ја води седницата, по што ја напушти собраниската сала.

Пратениците од СДСМ, ДУИ и помалите партии и независни пратеници кои се или во коалиција со СДСМ или ја поддржуваат Владата, решија денеска да не влезат во салата како дел од стратегија со која иницијаторите за уривање на Владата ќе мора самите да обезбедат кворум за работа.

Иницијаторите во моментов располагаат со гласовите на 60 пратеници, а потребниот 61 глас недостасува откако Кастриот Реџепи од Беса, иако потпишан на иницијатвата, не дојде на седницата.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе