Лидерот на Левица за отфрлањето на референдумската иницијатива

Апасиев: Неукиот Џафери да знае дека мериторна оценка се дава на пленарна седница, Јетон да му ги врати парите

Каде испогреши неукиот силеџија Талат Џафери при одбивањето на иницијативата за референдумот? Со ова прашање е насловен фејсбук - ставот на лицерот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев, кој го цитира собранискиот Деловник и наведува дека спикерот можел да ја цени иницијативата за референдум само од формално - правен аспект, но не и мериторно да ја цени. Тој вели дека е можно Џафери да биде „бомбардиран“ со сто иницијативи со референдумско прашање: Дали сте за тоа амнестирани терористи да водат држава. И неговиот сопартиец Борислав Крмов со порака: „Амнестирани терористи кои со пушка го рушеа уставниот поредок сега зборуваат за уставност!?

Aпасиев во својот став по отфрлањето на референдумската иницијатива од претседателот на Собранието Талат Џафери наведува:

1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ" од формално-правен аспект.
2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.
3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.
4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ad meritum за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива - преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок" (а не „Известување"). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!
5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Argumentum a fortiori, дури и Влада, а комоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.
6. Со овој ultra vires акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ" казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).
7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема појма од животот!
8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?"...

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе