Апасиев на ФБ ја пцуеше Шекеринска, Костадинов му порача дека е фашист

Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев со скандалозна објава на својот Фејсбук профил ја пцуеше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во нејзина одбрана застана пратеникот од СДСМ и партиски портпарол, Коста Костадинов.  

Костадинов му порача на Апасиев дека е фашист, но и го упати да ги врати парите што ги земаше од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше соработник.

„Се моли Апасиев да иде во 300 СЈО и да ги врати парите народни што ги земаше од таму. Такви фашисти, на државата не ѝ требаат“, напиша Костадинов.

Шекеринска досега нема реакција на неговиот пост, барем не на социјалните мрежи.

По големиот број реакции во јавноста, уште се нема огласено ни Апасиев, а неговиот статус ѐ уште стои на неговиот профил на фејсбук.

 

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе