Реакции

Апасиев: Мене за „стрелањето“ одма ме викнаа во ОЈО, а Шкодрана за „војнава“?

Димитар Апасиев, претседателот на Левица вечерва го искоментира статусот на Шкодране Дардишта од ДУИ и нејзината закана со војна по најавите за формирано ново собраниско мнозинство во кое нејзината партија нема да биде дел. 

„Мене за „стрелањето“ одма ме викнаа у ОЈО. Шкодрана од ДУИ за „војнава“ – јок!?
p.s. По падов на Режимов, прва метла ќе заигра у Обвинителството“, напиша Апасиев.
Неодамна ОЈО отвори предмет за статусот на Апасиев што го објави по влегување во Собранието  и кој гласаше: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“.
Вечерва на ТВ Сител и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира изјавата на Дардишта. „Оваа партија живее во минатото и наместо реформирани зелени политики се служат со ваква реторика, додека пак СДСМ и Заев воопшто и не ги ни осудија ваквите закани, а партиските нивни соопштенија се полни со навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и него лично. Таков тип на закани воопшто не би коментирал, освен со згрозување да ги прочитам и да ги заборавам, посебно не би сакал нејзе да ја коментирам затоа што е дама и доаѓа од спротивниот пол имајќи во предвид дека сум човек кој ги почитува жените, а се оквалификувам како човек кој на ваков тип на закани не реагира пријатно, односно таквите создаваат спротивна реакција, така што не би сакал да коментирам нешто кое не враќа назад во минатото, ова се луѓе кои се заглавени во минатото такви им беа и пораките од кампањата“, критикуваше Мицкоски.
Тој вели дека од оваа реформирана партија со зелена агенда очекувал да слушне зелени политики, не „да не дозволиме Македонец да биде градоначалник“,  „ние се бориме против ВМРО-ДПМНЕ во Тетово и во Гостивар“, вклучително и за вакви пораки, повик на јуришниците на ДУИ за некаква си војна, а Македонија е членка на НАТО и вакви пораки воопшто не се соодветни, вели Мицкоски. „Не ги слушнав од СДСМ да ја осудат оваа изјава, а денеска колку што можев да прочитам и Али Ахмети ја осуди истата, а Заев и СДСМ не ги слушнав додека пак нивните соопштенија се полни со гнев и навреди кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ, и претпоставувам дека таа политика е таква па затоа доживеа пораз во два наврати на овие избори“, рече Мицкоски.
Денеска ставот на Дардишта го искоментира и генералот Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.
 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе