Апасиев: Левица според рејтингот е веќе изедначена со ДУИ

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во Тема на денот на ТВ Сител рече дека Левица според рејтингот е веќе изедначена со ДУИ.

„Не се согласувам со тоа дека Левица е мала партија, ние веќе според рејтингот сме изедначени со ДУИ така што нашето барање беше да има една изборна единица. Меѓутоа, тоа не е прифатливо ниту за СДСМ, ниту за ДПМНЕ, ниту за албанските партии. Меѓутоа, тој услов еве јавно кажувам ќе биде услов за наредна Влада. Уште во првите 100 дена Левица кога ќе учествува после падот на овој хибриден режим услов ќе биде една изборна единица, бидејќи Левица историски гледано е најоштетена партија, значи 3 пратеника нас ни се украдени со овој изборен модел кој ја фалсификува волјата на народот“, рече Апасиев.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе