По првиот круг од локалните избори

Апасиев е за постиборни коалиции и ја чека поканата од Мицкоски за преговори за формирање ново парламентарно мнозинство

Почна процесот на „пасокизација“ на СДСМ и ние стануваме доминантен фактор во левиот политички спектар ијзави Димитар Апасиев од Левица и додаде дека и покрај принципиелниот став дека нема да коалицираат во вториот круг, тие за одредени општини би преговарале за поддршка на опозициските кандидати за градоначалници, но само ако иницијативата дојде од нив. Левица е подготвена и за сценариото за уривање на владата на Заев без одржување предвремени парламентарни избори, изјави Апасиев.

„Хибридниот режим на Заев е на завршеток и тоа е добро како политика на ниво на држава. Останува вториот круг и ќе видиме какви ќе бидат тенденциите, меѓутоа мислам дека опозициските тенденции се евидентни и дека е можно одржување на предвремени парламентарни избори после овие избори затоа што Заев е веќе дел од буништето од историјата“, рече Апасиев.

Прашан дали „Левица“ ќе ги повика своите гласачи да поддржат некој од кандидатите за градоначалници во вториот круг, Апасиев рече ќе чекаат да бидат викнати на преговори. „Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак, партиското раководство, Президиумот е тој што ќе ја донесе одлуката. Во меѓувреме ќе свикаме седница на Централниот комитет на која ќе треба да ги испегламе сите овие прашања и ќе го определиме курсот на нашето натамошно делување. Но, евидентно е опозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме“, подвлече Апасиев и додаде дека тие се за постизборни коалиции.

„Сепак, има најави за една друга опција а тоа е ново парлемантарно мнозинство без избори и таа опција е во игра. Ќе видиме, сите опции се отворени. После овој дебакл мислам дека нештата нема да бидат такви какви што беа досега“, истакна претседателот на Левица.

 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе