Реакција

Апасиев: До промена на името има пет пречки - Иванов, Уставен суд, Устав, референдум...

Има пет правни пречки за договорот за промена на името да стапи во сила, вели професорот Димитар Апасиев. Првата пречка е претседателот на државата, Уставниот суд, референдумот, уставните промени и грчкиот парламент.

Професорот Апасиев вели дека „и да помине ратификацијата на договорот во македонското Собрание следува суспензивно, а по повторено гласање за договорот во парламентот и таканареченото џебно вето“.

„Втората правна пречка е Уставниот суд кој ќе го поништи договорот затоа што е спротивен на Уставот, а кој било меѓународен договор не е посилен од Уставот. Да се потсетиме, веќе постои и правен преседан од 2002 година кога Уставниот суд го поништи токму меѓународниот договор со Грција околу „Окта“.

Трета пречка ќе биде референдумот. Тој не може да биде консултативен, туку обврзувачки. Ако граѓаните на референдумот за независност во 1991 ‘пресудиja’ дека сакаaт нивната земја да се вика Република Македонија, сега треба исто така на референдум ‘да пресудат’ за промена на името. А за тоа е потребна висока излезност – околу 900 илјади граѓани. За првпат се отвора можност да дојде до израз 'нашиот сеирџиски менталитет' со седење дома нешто да се постигне“.

Четврта пречка, според Апасиев, е промена на Уставот во Собранието каде е потребно да се обезбеди двотретинско мнозинство, а тој не верува дека опозицијата би се осмелила да гласа за тоа.

И последната пречка, за Апасиев е грчкиот парламент, односно обврската за ратификација на договорот за кој, според грчките закони, треба да гласаат три петини од пратениците, односно 180 од вкупно 300 пратеници. „Тоа може да биде неизводливо, имајќи ја предвид изјавата на Панос Каменос од партијата Независни Грци кои се против употребата на терминот Македонија во името и кој рече дека нема да гласа за ратификација“, смета професорот Димитар Апасиев.

 

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе