Апасиев до Мицкоски: Хамас за Палестинците е она што е ВМРО за Македонците!

„Ај бе некој нека му каже на Мицко дека Хамас за Палестинците, е она што е ВМРО за Македонците! И плус, нека го поучи дека и Арапите се семити“, реагира лидерот на Левица Димитар Апасиев на фејсбук-постот на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека се „неприфатливи нападите од Хамас кон Израел“.

„Борбата на арапските народи не е само нивна. Тоа е првиот фронт на сите социјалистички и прогресивни сили против империјализмот“, напиша Апасиев.

Израелските борбени авиони рано утрово повторно ја нападнаа Газа, а Хамас возврати со ракети кон Израел во петтата ноќ од конфликтот, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начини за прекин на насилството.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе