Антикорупциска заклучи: Не е спорно номинирањето на Дескоска за претставник во Венециската комисија

Државната агенција за спречување корупција (ДКСК) спровела целосна анализа на номинирањето на актуелната министерка за правда Рената Дескоска за претставник во Венециската комисија и заклучила дека нема судир на интереси.

Во соопштение до медиумите Антикорупциската комисија ги објаснува сите фази од анализата и ги поткрепува со членови од закони и деловници, како на Владата, така и на Комисијата. Инаку, предметот за номинирање на Дескоска беше отворен по допрен глас од медиумите и по претставка од политичка партија.

Антикорупциската комисија, како што соопштија оттаму, од Владата побарала податоци и информации и потребна документација за процедурата и начинот за номинирање на претставник на РСМ во Венециската комисија при Советот на Европа, комплетна документација за номинирање на министерката за правда Рената Дескоска за претставник на РСМ во Венециската комисија при Советот на Европа, записник и стенограм од одржаната седница на Владата на РСМ каде е одлучувано за наведената номинација како и информација за тоа кои се надлежностите на претставникот на РСМ во Венециската комисија при Советот на Европа.

„Правилата на Венециската комисија содржани во нејзиниот статут како основачки акт, не пропишуваат кој орган на државите членки треба да го номинира членот на соодветната држава ниту постапка на номинирање, поради што за ова се применуваат општите правила на меѓународното јавно право за меѓународни организации, кои пак дозволуваат Владите на државите членки да одлучат како ќе го определат членот што ќе биде номиниран. Значи оставено е Владите да одлучат“, појаснуваат од ДКСК.

Оттука, во досегашната практика различно се постапувало. Прв пат постапка во која Владата номинира член на Венециската комисија е во 2016 година кога на 135 седница одржана на 05.01.2016 година избрана е Тања Каракамишева Јовановска. Претходните номинации ги вршела Мисијата на Советот на Европа по претходен допис од МНР.

Што се однесува до номинирањето на Дескоска, се појаснува дека на 172-та седница одржана на 24.12.20219, премиерот Зоран Заев предложил номинација на претставник во Венециската комисија, а од записникот и стенографските белешки утврдиле дека министерката за правда не била вклучена ниту во предлагањето ниту во одлучувањето по предлогот.

Инаку, според правилата на Венециската комисија како независно советодавно тело на Советот на Европа, „Комисијата е составена од независни експерти кои се истакнале со своето искуство во демократските институции или преку својот придонес во унапредување на правото и политичките науки“. Од досегашната пракса за членови на истата, најчесто се бирани независни експерти, професори по право, судии на Уставен на суд или Врховен суд, а некои  земји номинираат пратеници или министри (на пример, Црна Гора – министерот за надворешни работи).

Притоа се додава дека „она што е најважно, според правилата на Советот на Европа и Венециската комисија, членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата во која работат, туку делуваат исклучиво во свое име, а согласно правилата за спречување судир на интереси, не учествуваат во расправата и одлучувањето за прашања кои се однесуваат на државата од која се номинирани“.

 

 

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе