Антикорупциската комисија отвори предмет за имотнатата состојба на Павлина Црвенковска

Антикорупциската комисија отворила предмет за имотната состојбата на новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, потврди претседателката на комисијата Билјана Ивановска за Телма. 

Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка односно дека нејзиниот сопруг, Зоран Црвенковски, преку фирмата „Екопласт Рисајклинг" зел кредит од 1,6 милиони евра и не го враќал две години.

Дополнително, рекоа тие и ќерката на Црвенковска била вработена во банката. Оттука тие реагираа дека сега на чело на Судскиот совет кој ја контролира работата на судовите кои треба да судат за случувањата со Еуростандард банка, е поставена сопруга на должник на банката.

Црвенковска ги негира обвинувањата и тврди дека фирмата зела кредит во 2014-та, но поради криза 4 години подоцна морала да ги отпушти 50-те вработени и да бара стратетшки партнер во што не успеала до затворањето на Еуростандард, а нејзината ќерка работела во кредитниот оддел дури по забраната за давање на кредити. Фирмата која се споменува не е пријавена во анкетниот лист на Црвенковска, а според антикорупцинерите треба да биде запишан и имотот на брачниот другар.

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе