Судир на интереси

Антикорупциска: Не може фирмата на советникот Нефи Усеини да урива дивоградби во Охрид

По објавениот тендер на Општина Охрид за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид, на кој меѓу двете фирми кои доставиле понуди е и фирмата во сопственост на членот на советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, кој е сопственик и на пицеријата – дивоградба кај Чинарот во Охрид, Антикорупциска комисија укажува дека има ограничувања „кои се однесуваат на службените лица во соработка со правни лица, што се во нивна сопственост или во сопственост на нивни блиски лица“.

Нефи Усеини

Целта, како што соопштуваат од Антикорупциска комисија, е да се спречи потенцијален судир на интереси што ќе настане доколку не се почитуваат тие ограничувања.

„Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство.

Имено, фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, се вели во соопштението од Антикорупциската комисија.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе