Антикорупциска најавува кривична пријава за Панчевски, „вработувањето на внукот е повеќе од непотизам“

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и за поранешниот претседател на Судот, Владимир Панчевски кој си го вработил внукот како помлад судски соработник.

Членовите на Антикорупциска се сомневаат дека Панчевски извршил посериозно кривично дело од непотизам, бидејќи внукот на Панчевски, Јордан Тасевски, бил вработен на позицијата помлад судски соработник, иако воопшто не бил пријавен на огласот за вработување објавен од судот.

„Ќе се испитува злоупотреба на службена положба кај Панчевски. Со ова тој ги надминал неговите надлежности. Ова не само што е незаконско постапување, туку е надвор од сите закони“, велат членовите на Комисијата.

На огласот за оваа позиција во Основниот суд Скопје 1 биле пријавени 155 кандидати, но сите биле одбиени и наместо нив бил вработен внукот на Панчевски, кој воопшто учествувал на конкурсот.

„Одлуката за вработување се доставува на лице кое не е пријавено како кандидат. Излегува дека лицето е уфрлено во листата“, рече претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе