„ВЕ ЗАМОЛУВАМ ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ОВА ПРАШАЊЕ“

Антикорупциска комисија: А зошто ве интересира имотот на Груевски?

„Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме за век и векови амин“, рече претседателот на Државна комисија за спречување на корупција, Горан Миленков на прес-конференцијата со новинарите, пред кои се пожали дека телефоните во Комисијата не престанале да ѕвонат и сите барале да знаат колкав е имотот на бившиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 

Имено, Миленков ја свика прес-конференцијата откако деновиве во јавноста се отвори дискусија и произлегоа прашања за анкетниот лист за Груевски. На претседателот на Антикорупциска не му беше јасно зошто новинарите се интересираат за имото на Груевски, кога тој веќе не бил премиер.

Миленков на конференцијата тврдеше дека нема разлика во имотниот лист на Груевски на почетокот на стапувањето на функција и по завршувањето. Но, сепак, анкетните листови од почетокот и на крајот на премиерската функција на Груевски не се достапни на сајтот на Антикорупциската комисија и споредба не може да се направи.

На конференцијата Миленков покажа документ со имотна состојба на Груевски, но не им дозволи на новинарите да добијат фотокопија.

Груевски вчера реагираше откако повеќе медиуми објавија и дел од партиите го повикаа да каже за својот имот, па рече дека согласно обврските, во законски предвидениот рок, уште на 8 февруари до Антикорупциската комисија го доставил анкетниот лист.

„Ја користам оваа прилика јавно да ја повикам Државната комисија за спречување на корупција на заинтересираните медиуми слободно да го презентира анкетниот лист и имотната состојба што ја имам наведено во него“, рече Груевски.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе