Отворем предмет по допрен глас од медиумите

Антикорупциска ќе истражува како Рашковски го набавил софтверот, Заев вели ништо не е без причина

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, потврди денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

„По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет, сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој сѐ уште не е во употреба. И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите“, рече Ивановска, одговарајќи на новинарско прашања по заедничкиот увид во новите простории со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Тоа, според неа, биле основните елементи по кои како комисија постапиле по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите.  

Согласно процедурата, предметот ќе биде распореден на еден од членовите и тој понатаму ќе ги бара сите потребни информации за утврдување на состојбите.

„Кога ќе бидеме готови со целото истражување, пред јавноста ги изнесуваме нашите резултати“, изјави Ивановска.

Николовски, пак, најави дека Владата денеска ќе ги соопшти сите детали, факти и аргументи за целокупениот случај.

„Премиерот даде одговор. Нема после премиерот да коментирам. Дадена е насока од премиерот да се истражи, сите информации и детали денеска од Владата и Генералниот секретаријат ќе бидат соопштени. Медиумите транспарентно ќе ги добијат сите информации“, рече Николовски.

Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој лани го набавил поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, не е без причини и оти постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат на Владата и МВР. Исто така, најави дека наредните денови ќе бидат објавени детали за набавката.

„Прво не е ништо без причина направено. Има причинско-правни последици зошто е тоа правено. Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер којшто може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација помеѓу двете институции – Генерален секретаријат и МВР. Спроведен е тендер со проектирани 8 милиони денари, падната е цената на некои 5 милиони денари заради наддавањето. И самиот софтвер има конечна цел – употребна вредност на улиците. Се работи за објект којшто снима 360 степени со казните, благодарение на претходни длабински анализи за потребата каков да биде. Така што јас реков овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи. Ова е правено со причина. Не ни текнало така нас, ние седејќи во Владата ќе правиме софтвер. Имало потреба за тоа заради тоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства“, изјави Заев.   

Според него, ако не го користат сега можеби во иднина ќе го користат и повтори дека деталите ќе ги соопштат службите.

 

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе