„Локалните функционери се ставаат над законот“

Антикорупциска комисија: Да се спроведе Законот за дивоградби на Охридското езеро

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со дивоградбите на крајбрежјето на Охридското езеро, ги повикува Владата во соработка со надлежните институции, Министерството за транспорт и врски, Државниот градежен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за заштита на културно наследство, да постапат согласно регулативата и да ја применат преку конретни мерки и активности.

Како што стои во денешното соопштение од Антикорупциската комисија, владеењето на законот мора да се почитува без исклучок, а во случајов да се постапи согласно незаконското располагање на крајбрежјето на Охридското езеро.

„Договорите за краткотраен закуп на плажите во Охрид и Струга се истечени од 2016 година до денес, а дополнително останува да се постапи и да се спроведе законот за бесправно изградените објекти и да се обезбеди владеење на правото во ова подрачје и во целата држава. Дотолку повеќе што се работи за подрачје заштитено од УНЕСКО, а локалните функционери не само што не ги извршуваат своите ингеренции и делумно ги спроведуваат законите, туку си дозволуваат и непримерно однесување и се поставуваат над законот“, пишува во соопштението од Антикорупциска комисија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе