Антикорупциска ќе испитува како се избрани канцелариите на Иванов и на Црвенковски

Антикорупциската комисија ќе го испитува начинот на кој биле доделувани и избрани канцелариите кои ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.

Иванов откако му заврши мандатот, доби канцеларии во станбените згради на Џевахир Холдинг, а за кои трошоците ќе се покриваат од државниот буџет.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе испитува како се трошат буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва, а во фокусот ќе биде Собранието, користењето на патни трошоци, ќе се испитуваат одлуките за користење службени возила, за репрезентации, надоместоци за превоз, за стан, за одвоен живот…

По допрен глас од медиуми отворена е постапка и за вработување блиски лица во Министерството за локална самоуправа и за користење возила за приватни цели.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе