По пријавата од ВМРО-ДПМНЕ

Антикорупциска ја запре постапката за „Еленица“ и „Тотал инжинеринг“, не е потврдено влијание од Заев

Поради непотврдени наводи за коруптивно однесување Антикорупциската комисија на денешната седница ја запре постапката поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, според која, фирми кои се во тесно сродство со премиерот Зоран Заев добиле концесии за природни минерали.

Катица Николова, членка на Државната комисија за спречување корупција појасни дека врз основа на пријавата тие отвориле два предмети, еден во делот за корупција и еден во делот за судир на интереси при доделување на концесии на фирмите „Еленица“ и „Тотал инжинеринг“.

„За ‘Еленица‘ добивме информации од Министерството за економија дека е корисник на концесија од 1997 година, додека ‘Тотал инжинеринг‘ има добиено и друга концесија, постапката е започната во 2013 година. Истиот закон што важел тогаш важи и сега и постапките не се променети, што значи дека улогата на Зоран Заев, како премиер на Влада, воопшто не влијаела на донесување на овие одлуки. Така што од аспект на коруптивно однесување наводите во пријавата не се потврдени и предлагам постапката да се запре“, изјави Николова.

Според неа, за предметот им биле навремено доставени податоци и од Министерството за економија и од Владата.

„Концесиите ги доделува Владата и без разлика кој ја споделува постапката, таа ја спроведува конечната одлука. Корисник на концесија за експлоатација на минерални суровини може да биде секое правно лица. Огласот се објавува јавно и секој што сака може да поднесе интерес“, изјави Николова.

Пријавите, како што рече, кои се доставени до нив се однесуваат на доделени концесии на „Тотал инжинеринг“, потпишани од техничкиот министер Оливер Спасовски.

„Процедурите воопшто не се надвор од предвидените одредби. Доставено е барање, Министерството излегло на терен. Формирана е комисија и за предметната локација понуда дал ‘Тотал инжинеринг‘. Доставен е елаборат за експлоатација и дури во март 2018 година од Министерството за економија до Владата е доставено барање за издавање на концесија“, изјави Николовска.

За да може да се работи, според Николовска, секој има право на еднаков пристап до услугите кои ги дава јавната власт.

„Постапката за доделување концесии ниту ја врши Владата, ниту донесува конкретни одлука, тие само донесуваат конечна одлука. Постапката ја спроведува Министерството за економија, односно Комисија составена од 20 члена и тие се одговорни за нејзино законско спроведување. Концесијата се однесува за експлоатација на глина. Од аспект на коруптивно однесување, наводите во пријавата не се потврдени и предлагам постапката да се запре“, изјави Николовска.

Во однос на делот од пријавата за судир на интереси, Софка Дојчиновска појасни дека се обратиле до Владата за сите информации за постапувањето при доделувањето на концесија на „Еленица“ и „Тотал инжинеринг“.

„Од Владата добивме целосна документација и се констатира дека при носење на одлуката за доделување концесија за експлоатација на глина во село Рибари, Струмица, одлуката е потпишана од првиот вицепремиер, Артан Груби. Заев го пријавува својот интерес и истакнува дека Груби ќе продолжи со работа со седницата кога ќе се одлучува за доделување на концесијата. Од документацијата се гледа дека претседателот на Владата, Зоран Заев не учествувал во расправата и одлучувањето по 44-та точка, а тоа е оваа наведена одлука“, изјави Дојчиновска.

Донесувањето на одлуката од Владата, според неа, е само завршен чекор од една долга и опсежна постапка што ја спроведува друг орган.

„Утврдуваме дека нема повреди на членот 73 од Законот, бидејќи при носење на одлуките не е утврдено прикривање на приватниот интерес од страна на службеното лице, во овој случај претседателот на Владата. Со оглед на фактот дека при носење на одлуката го пријавил интересот, а на другата одлука воопшто не ни присуствувал. Имајќи ги предвид сите овие факти, јас предлагам по однос на овој предмет да констатираме дека наводите од пријавата не се потврдуваат и постапувањето по истиот да се запре“, изјави Дојчиновска.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе