„Ненадлежна по пријавата од Чулев“

Антикорупциска го отфрли приговорот од ВМРО-ДПМНЕ против Заев и Николовски

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната јавна седница ги отфрли наводите од приговорот и го затвори предметот доставен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, а во кој се наведува дека ЈП Државни патишта и други државни инситуции односно Зоран Заев и Љупчо Николовски овозможиле партиски предизборен јавен настан за политичка промоција финансирана со буџетски средства, со што е направена повреда на Изборниот законик и Законот за спречување корупција.

Според ВМРО-ДПМЕНЕ, настанот се случил на 21 јуни при увид на изградба на експресен пат Штип-Кочани. Сепак, ДКСК овој приговор ќе го достави до ДИК затоа што, како што беше речено, таа е надлежна да каже дали одредено дејствие има елементи на изборна кампања пред започнувањето на изборната кампања.

ДКСК се изјасни како ненадлежна и ќе ја достави до ДИК пријавата пристигната од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев против одлуката на Владата за поништување на решение за разрешување и именување, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Во пријавата Чулев наведува дека донел решение на 22 јуни за именување на Гоце Јанкуловски за началник на СВР Тетово, како 15-то распоредување, а за разрешување на Амир Демети и негово распоредување за дополнителен заменик началник на СВР Тетово.

ДКСК се изјасни за ненадлежна за постапување и предметот ќе го проследи до Државниот управен инспекторат во врска со вонреден инспекциски надзор во Службата за општи и заеднички работи поради сознанија за непочитување на законите и вршење притисок врз вработените по повеќе основи како што се незаконски распоредувања и деградирања на работни места, како и дисциплински постапки и непочитување на правото на вработените за користење годишни одмори.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе