Во собраниската Комисија за финансирање и буџет

Антикорупциска бара уште шест милиони денари од буџетот за 2022 година

Дополнителни шест милиони денари побара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од државниот буџет за 2022 година на вториот ден од расправата по Предлог-буџетот за 2022 во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Како што образложи Катица Николовска, ДКСК побарала 13.543.000 денари за 2022 година, но со Предлог-буџетот ѝ се одобрени 10 милиони денари. Тие 3.543 милиони денари, рече Николовска, се незначителни за државниот буџет, но се многу важни за ДКСК.

Од дополнителните шест милиони денари што ги бара ДКСК и за кои побара поддршка од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, три се за капитални расходи, а останатите се за подмирување на основните расходи: плаќање струја, чистење, вода.

Според Николовска, ДКСК мора да има ресурси за да работи. Просторните услови се решени, но има потреба од нови вработувања. Засега во Комсијата се вработени вкупно 34 лица што е 50 отсто од предвидените.

Во кусата расправа што следуваше, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се согласија да интервенираат заеднички, со амандман. Министерот за финансии Фатмир Бесими, пак, рече дека не е спорно дали тие три милиони денари ќе се додадат зашто е битно ДКСК да функционира.

„Дури и да нема амандман, при второто читање може директно да ставиме. Не е спорно дали тие три милиони ќе се додадат во работењето, битно е институцијата да функционира”, изјави Бесими.

Претходно, во кусата расправа, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова која прва се јави за збор, во барањето на Николовска препозна несоработка меѓу власта со ДКСК. Рече и дека е нелогично, како некој кој вели дека борбата против корупцијата е приоритет, крати средства за оваа намена.

„Ова е скандал и алармантно. Жалам што денеска се увиде несоработката на ДКСК со Владата зашто ако соработувале, уште во креирањето на Буџетот ќе беа имплементирани барањата на Комисијата. Жално е и што членови на ДКСК се жалат и бараат дополнителни средства, а некој зборува дека борбата против корупцијата е приоритет број еден. Очигледно ниту вицепремиерот за борба против корупцијата не бил запознаен или не сакал да слушне за проблемите”, рече Панова и додаде дека ДКСК има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за барањето.

На тоа реплицираше Диме Велковски од СДСМ кој изрази надеж дека амандманот за поддршка на ДКСК ќе биде заеднички поднесен и усвоен, на што возврати Панова со констатација дека до вакви амандмани не треба да доаѓа ако власта има јасно изграден став за борба против корупцијата.

Реагираше и министерот Бесими, нагласувајќи дека меѓу Владата и ДКСК секако има соработка, но се прави обид буџетот да се вклопи во рамки на можностите.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе