Случај Агенција за филм

Антикорупционерите бараат разрешување на Тозија, Владата не постапува

По барањето на антикорупционерите за одговорност и разрешување на Горјан Тозија од функцијата в.д.директор на Агенција за филм, Владата не постапила, ниту пак во одговорот е наведено дека тоа ќе го стори, а се наведува дека за одговорност надлежен е друг орган.

Поднесовме иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, со што побаравме одговорност и разрешување, истакна денеска Владимир Георгиев членот на антикорупциската Комисија прашан дали добиле одговор од Владата за барањето на Државната комисија за спречување корупција.

Георгиев информираше дека од Владата е добиен одговор дека поради пандемијата не е именуван друг директор, но тој и нагласи дека од кабинетот на Заев не е наведено дека Тозија ќе биде разрешен. Од Владата на антикорупционерите им соопштиле дека одговорноста која ја побарале е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.

„Ние сметаме дека Владата е надлежна, бидејќи според законот за филмска дејност Владата е таа што го именува и го разрешува директорот. Оваа претставка е доставена и до вицепремиерот за корупција и очекуваме да видиме што ќе се случи", истакна Георгиев.

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе