Што покажаа истражувањата на јавното мислење

Анкети - „Маркет вижн“ најблиску до резултатите од првиот круг на претседателските избори

Резултатите од испитувањето на јавното мислење за првиот круг од претседателските избори на агенцијата „Маркет вижн" беа најблиску до она што е објавено како конечни резултати на Државната изборна комисија.

Анкетата на оваа агенција покажа дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова е во предност од 0,6 отсто од анкетираните граѓани.

Другите анкети (Рејтинг, МЦМС и Социетас цивилис) даваа предност за Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, од 2,5 до 5,7 проценти.  

Според официјалните податоци на ДИК, Пендаровски е во предност од 0,62 % од гласовите.

Агенцијата „Рејтинг“ предвиде дека за кандидатот на СДСМ ќе гласаат 38,3 отсто од гласачите, а за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 33,2 отсто. За Блерим Река требаше да гласаат 12,6 отсто, а 15,9 проценти од испитаниците беа неопределени.

Aнкета на Маркет вижн

„Маркет вижн“ најточно ја предвиде и излезноста. Според нивната анкета голем процент од анкетираните 28,7 % се изјасниле дека се уште не знаат за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат, а 26,3 % одговориле дека нема да гласаат или дека не знаат дали ќе гласаат.

На претседателските избори од запишаните 1.808.131 гласач, своето право го оствариле 755.816, односно излезеноста беше 41,85 отсто, информираше Државната изборна комисија.

Сите други агенции предвидоа дека излезноста ќе биде многу поголема.

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе