По завршувањето на претседателските избори

Анкетата на „Маркет вижн“ и на МКД.мк за вториот круг од изборите најблиску до конечните резултати

Резулатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Маркет вижн" од 22 до 24 април, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк, покажаа дека се најблиску до конечните резултати од вториот круг од претседателските избори. Оваа анкета покажа дека предноста на Стево Пендаровски е 6,1% во однос на противкандидатката Гордана Сиљановска-Давкова, а според конечните резултати на ДИК таа разлика изнесува 6,9 отсто.

Анкетирањето беше спроведено од 22 до 24 април со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници (статистичка грешка 6%, +-3%), интервал на доверба 95%). Примерокот беше репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и националност.

Ова истражување покажа дека повеќето испитаници (22%) се изјасниле дека во вториот круг од изборите ќе гласаат за Стево Пендаровски наспроти 15,9% што се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за Гордана Сиљановска-Давкова. Анкетата на „Маркет вижн“ покажа неизвеснот во однос на исполнувањето на цензусот - 47,7% од испитаниците одбија да кажат за кој кандидат ќе гласаат, додека 14,3% се изјасниле дека нема да излезат на гласање. На крај излезноста беше 46,7%, а за успешни избори неопходна е излезност од најмалку 40% од гласачите.

Според конечните резултати на Државната изборна комисија Гордана Сиљановска-Давкова освои 377.713 гласа или 44,73%, а Стево Пендаровски 436.212 или 51,66%.

Анкетата на „Маркет вижн“ и за првиот круг од претседателските избори покажа неверојатна блискост со она што значеше конечни официјални резултати на ДИК. Тогаш резултатите од истражувањето покажаа дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова е во предност од 0,6 отсто од анкетираните граѓани. Официјално, по првиот круг разликата меѓу Пендаровски и Сиљановска беше 0,56% во корист на заедничкиот кандидат на СДСМ.

За тајната на прецизноста на овие резултати од „Маркет вижн“ велат многу битна е структурата на прашалникот кој треба да следи логичен редослед и прашањата да бидат формулирани и поставени така што најмалку ќе го вознемират соговорникот.

Испитаникот треба да биде воден низ прашалникот така што на најважните прашања ќе дава на некој начин потсвесни одговори, односно одговори што ги оправдуваат неговите претходни ставови.  Додека трае анкетирањето правиме повеќе пресеци на резултатите. При тие контроли, се прават споредби на неколку клучни прашања кај кои се очекува одговорите да имаат висока корелација. Кај овие прашања најдобро се забележува дали има нелогичности, грешки, дали испитаниците се плашат да дадат одговори... Доколку се забележат некакви аномалии се реагира бргу и доколку е потребно се зголемува и примерокот. Во политичките анкети најчесто онаа група на испитаници што не искажува став на некое прашање ја прати структурата на тие што немаат проблем да се изјаснат. Нашите анкети за претседателските избори исклучително точно ги предвидоа изборните резултати. Но генерално земено, најважно е добиените резултати да не отскокнуваат од рамките на статистичката грешка. Тимот што работи на овие истражувања има богато искуство. Заедно работи повеќе години и добро се познава. Неговата посветеност, професионалност и непристрасност се исто така вградени во резултатите од истражувањата“, велат од „Маркет вижн“.

А.Д.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе