Институт за истражување на политики и добро владеење

Анкета: Oпозициските партии се во блага предност пред владината коалиција

ВМРО-ДПМНЕ е во блага предност пред СДСМ (16,3% : 14,7 %) покажуваат резултатите на телефонската анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ) спроведена во периодот од 15-20 септември. Овој процент е во рамките на статистичка грешка. Од опозициските партии висок процент на доверба кај испитаниците има и Левица (6,1%), а од албанскиот блок Алијансата за Албанците е во мала предност пред ДУИ (6,5% : 6,1%), како и нивните кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга.

За ниту една партија или нема да гласаат рекле 24,9% од анкетираните, а сѐ уште не одлучиле или не кажуваат 22,9 % покажа телефонската анкета за  рејтинзите на политичките партии и изборот на градоначалници во Град Скопје и неколку поголеми градови во државата.

За Скопје во предност од 2,2 отсто е независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска пред кандидатот на СДСМ Петре Шилегов (24,2% : 22 %). На трето место е Перо Георгиевски, кандидатот на Левица (9,4%).

Интересни се резултатите за кандидатите за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, каде во предност се предложените градоначалници на Алијанса за Албанците пред кандидатите на ДУИ. Во Гостивар убедливо е водството на Арбен Таравари, а во Тетово, Вулнет Мурсели од Алијанса за Албанците е во предност пред Теута Арифи, актуелната градоначаничка од ДУИ.

Алијанса за Албанците со Идри Истрефи е во поголема предност пред Рамиз Мерко од ДУИ (23% : 16,3 %).

 Во Куманово и оваа анкета ја потврдува предноста на независниот кандидат (довчерашен член на СДСМ) Максим Димитриевски.   

Истражувањето за рејтинзите на политичките партии е реализирано на репрезентативен примерок од  1.100 испитаници. При спроведувањето на анкетата се запазени демографските карактеристики (пол, возраст, образование, урбана/рурална средина). Маргиналната грешка е  ±2%.

Истражувањата за избор на градоначалници се реализирани на репрезентативен примерок од 500 испитаници  во  Град Скопје, Тетово, Куманово и Струга. Маргиналната грешка за овие анкети е ±4%.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе