Истражување на Меклафлин, агенција од САД

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ во предност од 2% пред СДСМ

Американската агенција за истражување на јавното мислење Меклафлин, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ во јуни спроведе анкета на 2.183 гласачи, според кое опозициската партија за претсојните парламентарни избори е во предност од 2 проценти (29% и 27%).

И ДУИ е во предност од 2 проценти пред Алијансата за Албанците (8% и 6%).

Анкетата покажа дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во пет од шестте изборни единици каде има мнозинско македонско население.

Во изборните единици 3 и 4 ВМРО-ДПМНЕ води со 39 проценти наспроти 32 и 38 наспроти 33 проценти.

Во ИЕ 1 опозицијата води со 28 наспроти 25 отсто, а разликата меѓу ДУИ и Алијансата за Албанците тука е 6 и 4 проценти од гласачите.

Во втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 26 наспроти 24 проценти, додека ДУИ води пред Алијансата со 6 наспроти 4 проценти од гласовите.

Во петтата изборна единица, листата на ВМРО-ДПМНЕ е во предност од три проценти пред листата на СДСМ (31 наспроти 28 проценти). Во „петката“ ДУИ е речиси изедначена со Алијансата за Албанците (5 наспроти 4 проценти).

Во шестата изборна единица ДУИ има поддршка кај 26 отсто од гласачите, Алијансата за Албанците има 20 проценти, СДСМ е трета со 17 проценти, а ВМРО-ДПМНЕ може да очекува 12 проценти од гласовите.

Агенцијата Меклафлин е со седиште во Вашингтон и досега работела на поголем број успешни кампањи на републикански кандидати, вклучително и на претседателот Доналд Трамп.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе