Истражување на Брима Галуп

Анкета: СДСМ во предност од 3,6% пред ВМРО-ДПМНЕ

Агенцијата за истражување на јавното мислење Брима Галуп - Македонија, за потребите на СДСМ во јуни спроведе анкета на 1.174 гласачи, според која СДСМ  за претстојните парламентарни избори е во предност од 3,6 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ (18,7% и 15,1%).

На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за СДСМ. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните, а на трето место е ДУИ со поддршка од 8,2%, движењето БЕСА, кое на овие избори настапува во коалиција со СДСМ, има одделна поддршка од 2,6%.

Анкетата покажа дека Зоран Заев, претседателот на СДСМ е во предност пред претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (9,4%:4,2%).

Останати партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со рејтинг од 1,3%, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6%.

Во однос на излезноста, 41 отсто од испитаниците одговориле дека сигурно ќе гласаат, додека 18,3 отсто дека нема да гласаат. Останатите би гласале со различен степен на веројатност, но имаат поголема наклонетост кон гласање отколку кон неизлегување на изборите на 15 јули.

На прашањето кој е најголем проблем со кој се соочува државата, граѓаните, со 29,1%  ја означуваат пандемијата oд ковид-19, невработеноста со 21,2%, економскиот развој со 14%, бискиот стандард со 9,4%...

Истражувањето беше спроведено од 5 до 14 јуни, со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N=1.174 испитаници на возраст од над 18 години.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе