Ново истражување на МКД.мк

Анкета: Растат разочараноста и незадоволството од власта кај гласачите

Огромен број од граѓаните сѐ уште не се политички определени, расте незадоволството од власта, од судството, од економската состојба во државата, расте невербата дека нешто може да се смени, а анкетираните граѓани сѐ почесто одбиваат да одговарат на прашањата од анкетарите, што се толкува како страв. Ова се заклучоците и од последната анкета на Маркет вижн, која за потребите на МКД.мк беше спроведена од 9 до 17 октомври.

Повеќе од 76 отсто од анкетираните граѓани одговориле негативно на прашањето „дали сметате дека политичарите во Македонија се однесуваат одговорно кон државата“, а 20,4 отсто не дале одговор. Според националната припадност, се чини дека Албанците, граѓани на Македонија, се позадоволни од работата на нивните политичари (33,9%), а незадоволни се 61,7 отсто. Овие резултати се поразлични кај Македонците - 15,5 % се задоволни, а дури 82,3 отсто се незадоволни.

Дали сметате дека властите во Македонија имаат разбирање за потребите на народот? Ова беше следното прашање на ова истражување на јавното мислење - 25,3 отсто од анкетираните граѓани одговориле со „да“, а 72% сметаат дека властите немаат разбирање на потребите на народот. И тука, според националната припадност, разликите се евидентни - кај Албанците дури 40,3 отсто велат дека властите имаат разбирање за потребите на народот, а 56,9 отсто одговориле со „не“. Кај Македонците овој однос е 19,7% одговориле со „да“, а 78% одговориле негативно.

Во однос на присуството на криминалот и корупцијата кај највисоките нивоа од државната власт, граѓаните на Македонија се едногласни - 86,2 отсто од анкетираните граѓани одговориле со „да“, а 9,9% со „не“.

Разочареноста се отсликува и во перцепцијата на граѓаните за тоа дали има излез, дали има политичка опција која ако дојде на власт решително би се справила со корупцијата. Со одговорот нема таква опција се согласиле 24,2% од граѓаните, директно „не“ одговориле 41,8%, или кумулативно 66%. На овој резултат би можело да се додаде и резултатот на оние граѓани (13,8%) кои одговориле дека не знаат. Оптимисти во однос на ова прашање се 18,3% од граѓаните.

Оваа анкета беше спроведена 9 до 17 октомври со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 6% (+-3%); интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2017 година. Поради споредливост на резултатите, албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.

Ако се следат резултатите од претходните анкети спроведени во ноември 2018 и јули и септември 2019 година се гледа дека трендот на разочареноста на граѓаните од работата на актуелната власт расте, како што расте и бројот на политички неопределените граѓани. Сѐ поголем е бројот на граѓаните кои на прашањето за која партија би гласале на наредните избори одговараат со „не знам“, „нема да гласам“ и „не сакам да кажам“. Таа бројка веќе достигнува и до повеќе од 70 отсто од гласачите.

За веќе договорените нови предвремени парламентарни избори еден од главните предизвици на политичките партии треба да биде токму оваа разочараност и резигнираност во однос на власта и во однос на тоа дека со својот глас ќе можат нешто посериозно да сменат.

А.Д.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе