Центар за делиберативна демократија

Анкета: Учесниците во Шарената револуција сметаат дека и сега е нужна промена на политичкиот систем исто како и во 2016

Учесниците и поддржувачите на Шарената револуција денес ѝ даваат многу лоша оценка на Владата на Зоран Заев (2016-2020) за успешноста во застапувањето на идеалите на ШР во првиот мандат (дури 68% ѝ дале оцена еден или два на скала од 1 до 5). Анкетираните учесници и поддржувачи на ШР покажуваат највисок степен на незадоволство од Владата на Заев во справувањето со политичарите и олигарсите од „бомбите“ и од случајот „Рекет“.

Во јануари и февруари годинава по повод петгодишнината од Шарената револуција (ШР), граѓанското движење кое се одвиваше од 12 април до средината на јуни 2016 година, Центарот за делиберативна демократија од Прилеп спроведе анкета со нејзините учесниците и поддржувачи. Опфатени се вкупно 289 испитаници (163 од кои преку методот на снежна топка, а 126 преку јавна објава на интернет). Дури 65% од испитаниците биле редовни учесници на протестите. Станува збор за група на испитаници која освен за време на ШР била доста активна и на други претходни протести (за екологија, човекови права, образование, урбанизам...

Главните барања на ШР беа подобрување на политичката клима во државата, политички промени со цел побрзи ЕУ-НАТО интеграции

Дури 66,4% од испитаниците сметаат дека подеднакво е нужна промена на политичкиот систем во државата сега како и во 2016 година.

Испитаниците се поделени во однос на перцепциите за вклучувањето на претставници на  ШР во изборните листи и државните институции. Дури 58% сметаат дека учесниците во ШР, вклучени во Владата, не придонесле воопшто за реализација на реформите за кои се бореле.

Учесниците во ШР сметат дека движењето во голема мера позитивно влијаело на  зголемување на слободата на медиумите и подобрување на граѓанската партиципативност, т.е. слободата на изразување воопшто и граѓанскиот активизам. Подобрување на европската перспектива на Македонија и намалување на полициската бруталност се исто така позитивно оценети аспекти на влијание на ШР.

Демонстрантите/поддржувачи на ШР сметаат дека не успеале да донесат повисок степен на владеење на правото и правна држава и департизација на институциите. Дополнително, испитаниците генерално оценуваат дека ШР немала никакво влијание врз реформите во судството, социјална правда во државата, економска перспектива на Македонија и државните институции.

Испитаниците во голема мера сметаат дека граѓанското општество не е слободно и не е успешен коректор на власта, а дека е контролирано од политичките партии и домашни финансиски моќници.

Движењето е поделено по однос на мотивацијата за понатамошно вклучување на испитаниците во идни протести. Додека за 33% од нив ШР е мотивација за вклучување и во идни протести, 31% од испитаниците рекле дека ШР ги демотивира за вклучување во идни протести.

Поделеноста се забележува и во општата оценка на испитаниците за генералниот успех на ШР во исполнување на својата цел. 51% од испитаниците сметаат дека ШР ја исполнила својата цел (целосно или донекаде), а 46% сметаат дека не. Конечно, 48% од испитаниците повторно би се вклучиле во ШР и од оваа временска перспектива, додека 32% не, а 20% не знаат дали би се вклучиле или не.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе